На социјалните мрежи се појавија првите снимки на кои се гледа ужасот што се случи утрово во градинка во Тајланд. Имено, според неофицијални информации на Пања Камраб, поранешен полицаец пукал во полна градинка и убил најмалку 30 луѓе. 23 од убиените се деца.
На видеото се гледа како луѓето плачат, вклучувајќи ги и родителите кои се уште не можат да поверуваат што се случило.
At least 32 people, many of them children, were killed by an ex-policeman raiding a child care centre in Na Klang district of Nong Bua Lamphu. The suspect is on the run. #BangkokPost #Thailand pic.twitter.com/7oHyjmkkzR
— rajni singh (@imrajni_singh) October 6, 2022
Според последните информации напаѓачот се самоубил. Напаѓачот употребил и огнено и ладно оружје, а локалните медиуми јавуваат дека меѓу жртвите се и неговата сопруга и децата.