ВИДЕО: Прозборе по 10 години минати во кома

Од:

Канаѓанецот за кој се веруваше дека се наоѓа во вегетативна состојба повеќе од 10 години, успеал да им каже на лекарите дека не чувствува болка, јави Би-би-си.

Ова е прв пат еден некомуникативен пациент со тешко оштетување на мозокот да биде во состојба да даде одговори што се клинички релевантни за неговата состојба.

Лекарите му поставувале прашања на 39-годишниот Скот Раутли додека ја скенирале неговата мозочна активност. Поради овој случај ќе мора одново да се пишуваат многу медицински книги. Пациентите во вегетативна состојба се будат од кома во состојба во која имаат будни периоди, со отворени очи, но немаат перцепција за себе и светот околу нив. Ниедни физички прегледи досега не дале докази за свеста и можноста за комуникација.

Би можело да ве интересира

Канаѓаните се предупредени: Не користете TikTok

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Четворица загинати предизвикана од ограбувач на банка во Торонто

Во Отава: Шест лица се убиени во куќа, меѓу кои четири се деца

Горан Наумовски

Тела на три деца и две жени пронајдени во Манитоба

ВИДЕО: Мистериозен остаток од брод се појави на канадскиот брег

Тројца Италијанци загинаа во хеликоптерска несреќа во Канада