ВИДЕО: Протести во Киев за убиените бранители на Азовстал

Од:

Антон Герашенко, советникот на украинскиот министер за внатрешни работи, сподели видео од протестот одржан денеска во Киев поради смртоносниот напад на затворот во Оленивка, во кој беа убиени десетици заробени бранители на Мариупол.

Меѓу убиените има и припадници на Азовскиот полк, кои се предадоа по падот на фабриката за челик Азовстал, која со месеци ја бранеа од руските напади.

Украина и Русија меѓусебно се обвинуваат за нападот, а проруските сепаратисти тврдат дека во нападот биле убиени 53 воени заробеници.

„Семејствата и најблиските на бранителите на Азовстал одржаа протест во Киев, каде побараа Русија да биде прогласена за држава која промовира тероризам. Тие потсетија дека кога бранителите на Азовстал се предадоа како воени заробеници, ОН и Црвениот крст ветија дека тие би биле безбедни“, најави Герашенко.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

(ВИДЕО) Драматично се засилуваат руските напади на Суми: „Луѓето се пакуваат“

Што има во американскиот план за мир: за Украина нема НАТО, главен проблем „петте окупирани територии“

ВИДЕО: Ако не ја завршиме војната за неколку дена, САД се повлекува, порача Марко Рубио

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната

(ВИДЕО) Зеленски почна голема одмазда: гори Курск