(ВИДЕО) Прорускиот лидер на Херсон: „Кога се повлекуваме, тоа значи дека напредуваме“

Од:

Кирил Стремусов, прорускиот лидер на окупираната украинска област Херсон, беше гостин во емисијата на пропагандистката на Путин, Олга Скабеева на руската државна телевизија, Русија 1.

Скабеева го праша Стремусов што се случува во Херсон, регион каде што Украинците бележат значителен напредок во контранападот во последните денови.

Во својот одговор, Стремусов се обидува да го минимизира значењето на украинскиот контранапад и тврди дека Украинците трпат големи загуби. Во продолжение тој презентира фасцинантно објаснување за повлекувањето на Русија од неколку места во регионот.

„Запомнете го нашиот тактички маневар“

„Непријатели, запомнете го нашиот тактички маневар. Кога се повлекуваме, тоа значи дека напредуваме. Утрово Мајката природа ни дојде на помош, Украинците се заглавија во калта, а нашите воздушни сили потоа ги уништија тие укронацисти“, рече Стремусов кој сепак не појасни како повлекувањето на руските сили во Херсон значи напредување.

„Во Херсон, а јас во моментов сум во Херсон, нашата професионална армија ја држи линијата на одбраната и нема никакви проблеми“, рече Стремусов.

Би можело да ве интересира

Холандија и донира на Украина 24 авиони Ф-16, може да ги користи за цели во Русија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем руски напад на критична инфракструктура во Украина

Холандски војник загина во Украина

Предраг Петровиќ

Медведев: Русија не блефира, се заканува најлошто можно сценарио

Шолц попушти: Украина може да користи оружје од Германија на руска територија

Катерина Ѓуровски

Бајден и дозволи на Украина ограничено користење американско оружје за напади во Русија