Владимир Соловјов, пропагандист на рускиот претседател Владимир Путин, е толку лут поради повлекувањето на Русија од Херсон што го заборави името на сопственото шоу и призна дека му недостасува стариот начин на живот.
Top Russian propagandist Vladimir Solovyov is so mad about Russia's retreat from Kherson that he forgot the name of his own show and admitted to missing life the way it used to be. Watch his furious tirade, full of sighs, insults and outlandish lies: pic.twitter.com/X2KCTJVaCW
— Julia Davis (@JuliaDavisNews) November 12, 2022
– За жал, заборавив дека мојата емисија се вика „Фул контакт“. Но, тоа е поврзано со мојот претходен живот, кога се чинеше дека се е поинаку. Се разбира, никој не очекуваше дека нашите животи ќе се сменат толку многу. Не осудувам никого, не кажувам дали е добро или лошо, кој треба да победи. Кој вели дека доброто секогаш победува над злото? Се води верска војна.
Војна во која малиот демон Володимир Зеленски заедно со неговите платеници дејствува во име на апсолутното зло. Тоа зло носи мантија на прифаќање и толеранција. Сатаната е татко на сите лаги. Западот постојано лаже. Главната цел на НАТО е уништување на Русија. Тие немаат други цели, сакаат да ја уништат Русија. Западот вели дека Русија води неправедна војна. Но, вие почнавте! Во знак на добра волја ги повлековме нашите војници од Киев, Чернихив.
Го напуштивме Чернобил. Од она што го освоивме во првите денови, вративме речиси половина. Зошто? Затоа што верувавме. На кого? Сатаната. Мислевме дека тоа е братски народ, но тоа е сатаната – додаде тој.
Кон крајот на емисијата Соловјов почна да вика и да го навредува воениот врв.
– Во еден момент постигнавме огромен успех, а потоа завршивме со огромна линија на фронтот, а на теренот имавме само 300.000 војници. Уште од февруари велам дека треба да таргетираме мостови, да уништуваме инфраструктура, линии за снабдување. И ми рекоа дека тоа е братски народ, дека ќе мора да го обнови тој простор и дека им требаат мостови – рече тој.