ВИДЕО: Пронајдени се повеќе од 250 тела по нападот на Хамас на музичкиот фестивал

Од:

Повеќе од 250 тела се пронајдени досега на местото на музичкиот фестивал во јужен Израел, каде учесниците беа нападнати од палестинската милитантна група Хамас.

Ова го изјави за израелските медиуми портпаролот на ZAKA, волонтерска група која се справува со загинатите по терористички напади и други катастрофи.

Според Тајмс оф Израел, палестинските милитанти упаднале на музичкиот фестивал во саботата и отвориле оган како дел од големиот напад врз Израел.

Фестивалот „Супернова“ се одржуваше во пустината Негев, во близина на Кибуц Реим, недалеку од Појасот Газа, од каде членовите на Хамас дојдоа да ги извршат нападите.

@dailymail Israeli revelers are seen partying in the Negev desert before fleeing for their lives as blood-thirsty Hamas paragliders descend on festival. #fyp #israel #hamas #palestine #military #jerusalem #festival #negevdesert ♬ original sound – Daily Mail

Претставник на израелската служба за итни случаи изјави дека на фестивалот имало околу 3.000 луѓе, пренесе Би-би-си.

Некои преживеани сведоци изјавија за израелскиот Канал 12 дека сè било „како во хорор филм“ и дека траело неколку часа.

„Ги исклучија светлата и одеднаш, од никаде, тие (милитантите) влетаа со оружје, отворајќи оган на сите страни“, изјави еден од преживеаните учеснички на фестивалот за Канал 12, пренесува Би-Би-Си.

Таа додаде дека на фестивалот дошле „50 терористи во комбиња, во воени униформи“.

Според очевидци, луѓето се обиделе да побегнат од местото на настанот трчајќи кон нивните возила, но напаѓачите од џипови на патот пукале кон нив и нивните возила.

На својата веб-страница Би-Би-Си објави и снимка од голем број целосно изгорени возила на учесниците на фестивалот, кои останале паркирани по нападот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: „Кревко примирје во кое многу работи можат да тргнат наопаку“

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Утре наутро почнува примирјето во Газа, израелската влада го ратификуваше договорот

Катерина Ѓуровски

Израел го потврди историскиот мир во Газа

Бајден: Израел мора да ги земе предвид легитимните барања на Палестинците

Кабинетот на Нетанјаху потврди дека Израел и Хамас потпишале договор за прекин на огнот

Израел: Хамас се предомислил за прекин на огнот во последен момент

Горан Наумовски