ВИДЕО: Пронајден вториот дел од авионот на Пригожин, се распаднал во воздух

Од:

Пронајден вториот дел од авионот на основачот на Вагнер, Евгениј Пригожин, кој се урна во средата попладне. Локацијата на која е пронајден вториот дел од авионот може да биде многу важна за истрагата за причината за авионската несреќа во која, според официјална Москва, загинал и самиот Пригожин, човекот кој го предводеше неуспешниот бунт против руското Министерство за Одбрана и индиректно, против самиот руски претседател Путин.

Руските медиуми објавија и видео од вториот дел од авионот на Пригожин, кој се состои од крила и опрема за слетување, на кои нема никакви траги од противвоздушна одбрана. Но, особено е интересно што вториот дел од авионот е пронајден на околу три километри од местото на падот на поголемиот дел, односно трупот на авионот.

Растојанието помеѓу двата поголеми делови од авионот на земја значи дека е можно авионот да се преполовил на два дела на релативно голема висина, што би можело да биде резултат на експлозија во воздухот. Треба да се напомене и дека очевидците на несреќата изјавиле дека слушнале експлозија пред падот.
пред падот

Локалните жители на регионот Твер вчера потврдија дека слушнале тресок, а потоа виделе како авионот паѓа кон земјата. Еден жител, 72-годишниот Виталиј Степенок, рече: „Слушнав експлозија или тресок. Обично, ако има експлозија на земјата, има ехо, но тоа беше само тресок и го кренав погледот и видов бел чад. ”

„Едното крило полета во еден правец и трупот се падна“, рече тој, покажувајќи со рацете додека авионот се движеше кон земјата, а потоа додаде: „И потоа се лизгаше на едното крило. Не се урна, се лизгаше.

Степенок рече дека скокнал на својот велосипед и се упатил кон местото на несреќата:

„Сè беше во пламен. Луѓето се шетаа наоколу. Извлекоа некого, неговите останки. Не можев да забележам. Само што го видов бројот во авионот
што им го кажав и тоа беше тоа“.

Друг локален жител, кој се претстави како Анатолиј, рече: „Што се однесува до тоа што можеше да се случи, само ќе го кажам ова: тоа не беше гром, тоа беше „метален“ тресок – така да се каже. Сум слушнал такви работи и порано.

Американските власти веруваат дека авионот во кој се наоѓал Евгениј Пригожин бил намерно соборен, но додаваат дека не изгледа дека бил соборен со проектил земја-воздух. Прелиминарните проценки на американската влада, за кои официјални лица нагласија дека се нецелосни, сугерираат дека бомба експлодирала во авионот или некоја друга форма на саботажа ја предизвикала несреќата северозападно од Москва.

Ова би било во согласност со тезата дека авионот се распаднал во воздухот по експлозијата, а неговите делови биле пронајдени на релативно голема оддалеченост.

Руската влада потврди дека ги истражува причините за несреќата, но не понуди објаснување. Кремљ денеска соопшти дека тврдењето дека Русија намерно го соборила авионот на Пригожин е „апсолутна лага“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Се појави наводна снимка од рускиот напад на Украина со балистичка ракета

Катерина Ѓуровски

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување

Трајна неутралност на Украина, воени ограничувања за Киев, што бара Путин за да договри примирје со Трамп

Ќе загубиме ако САД ја прекинат воената помош вели Зеленски

Катерина Ѓуровски

САД ја затвори амбасадата во Киев: „Добивме информации за потенцијален напад“

Катерина Ѓуровски

Медведев: Можеби старецот Бајден решил да го напушти овој свет и да земе дел од човештвото со себе

Катерина Ѓуровски