(ВИДЕО) Пронајден е лавот кој побегна од циркус во близина на Рим

Од:

Италијанските власти успеаа да го вратат во локалниот циркус во близина на Рим лавот кој избегал и со часови се шеташе по улиците на градот Ладисполи, а градоначалникот изрази надеж дека настанот ќе ја разбуди совеста и ќе стави крај на експлоатацијата на животните во циркусот.

Градоначалникот Алесандро Грандо, кој управува со градот со околу 40.000 жители, синоќа ги повика своите сограѓани да не излегуваат од куќите додека полицијата и персоналот на циркусот не го фатат лавот.

Во 22.30 часот повеќе од пет часа по првата порака до граѓаните, Грандо на својата Фејсбук страница објави дека „лавот е фатен“.

Би можело да ве интересира

Наводен руски дрон забележан во Италија, обвинителството започна истрага

(ВИДЕО) Скандал во Италија, поранешниот премиер повлече за коса новинарка

Предраг Петровиќ

Многу силен земјотрес ја погоди Италија

ВИДЕО: Земјотрес во Неапол, жителите ноќта ја поминаа на улица

Катерина Ѓуровски

Евростат: Италија има најстарото население во Европа, просечна возраст 48,7 години

Рим: Постара жена загина во пожар во стан, нејзината ќерка е во тешка состојба

Горан Наумовски