ВИДЕО: Продолжуваат протестите во Грузија поради злоставувањето затвореници

Од:

Демонстрантите во Грузија веќе трет ден по ред протестираат против полициското насилство, откако уште еден владин висок функционер го призна скандалот со злоставувањето затовреници.

Грузиска опозициска телевизија неделава прикажа видео снимка на злоставување во затворот во Тбилиси, што претставуваше искра за почетокот на протестите и промените во државниот врв.

Министерот за внатрешни работи Бачо Акхалаја, шефот на државните полициски сили, вчера доцна вечерта информира да ја напушта функцијата.

Грузискиот министер за затвори, исто така, пред него поднесе оставка, на барање на неговиот претпоставен, во ситуација на разгорување на скандалот.

Протестите доаѓаат во политички сензитивен момент за претседателот Михаил Саакашвили, чија владеачка партија ќе се соочи со жестоки парламанетарни избори на 1 октомври. Претседателот вети дека неговата влада ќе ги идентификува и казни сите официјални лица, одговорни за злоставувањата во затворот.

Стотици демонстранти денеска се собраа во близина на заградата на филхармонијата во главниот град Тбилиси, повикувајќи го Саакашвили да престане со полициското насилство и да го процесуира досегашниот министер Акхалаја, јавуваат локалните медиуми.

Нови слики на злоставувања се појавуваат секоја вечер на телевизија

Ние бараме Акхалаја да биде уапсен во рок од 24 часа и од него да биде побарана кривична одговорност, изјави Левен Читадзе, еден од органиозаторите на протестот. „Доколку тој (Саакашвили) не сака да го стори тоа, тогаш ќе види како изгледаат масовни протести на граѓаните“.

Би можело да ве интересира

Грузија сака да воведе закон за странски агенти

Новинар на РТ беше приведен од грузиските власти на аеродромот, а рускиот пасош му беше одземен

Грузиските фудбалери ја победија Грција и обезбедија пласман на ЕП

Голема трагедија во семејството на грузиската претставничка на Евровизија

А1он

(ВИДЕО) Вооружен напаѓач уби четири лица на пазар во Грузија

Горан Наумовски

ВИДЕО: Ќерката на Лавров предизвика хаос во Грузија: Дојде на свадба, мораше да ја напушти земјата со полициска придружба

Катерина Ѓуровски