ВИДЕО: Продолжуваат артилериските напади во Нагорно Карабах, погоден главниот град Степанакерт

Од:

Во Степанакерт, главниот град на непризнатата автономна област Нагорно Карабах, беа извршени 20 артилериски напади.

Експлозиите избувнаа недалеку од центарот на Степанакерт, а во извештајот стои дека проектилите биле исфрлени од повеќе ракетни лансери.

Министерството за надворешни работи на Нагорно Карабах објави дека „вооружените сили на Азербејџан вршат интензивни ракетни напади врз Степанакерт“.

Претставникот на ерменското Министерство за одбрана, Артсрун Хованиси, обвини дека азербејџанската артилерија пукала врз цивили во главниот град.

Нагорно-Карабах се наоѓа во Азербејџан, но со него управуваат етнички Ерменци. Конфликтите меѓу двете земји околу областа избија на 27 септември.

Азербејџанското Министерство за одбрана објави дека радарските системи за противвоздушна одбрана рано утрово регистрирале лансирање на проектил на територијата на Азербејџан.

Повеќето странски новинари го напуштија Степанакерт откако започна гранатирањето на овој град, пренесуваат локалните медиуми.

Би можело да ве интересира

Алиев: Русија да ја признае вината за авионската несреќа, да ги казни виновниците и да плати отштета

Горан Наумовски

Песков: Путин и Алиев продолжија да разговараат за соборувањето на авионот на „Азербејџан ерлајнс“

Горан Наумовски

Алиев: Уривањето на азербејџанскиот авион во Казахстан не беше терористички чин

Ерменија бара повлекување на руската војска од аеродромот во Ереван

Ерменија: Не сакаме во НАТО

Америка предупредува на нова војна на Кавказ: „Ќе нападнат“