(ВИДЕО) Продолжува насилството на улиците во Лос Анџелес, возач се обиде да изгази демонстранти

Од:

Демонстрантите продолжуваат да се судираат со полицијата во центарот на Лос Анџелес, а полицијата предупредува дека ќе одговори со соодветна сила доколку демонстрантите употребат „запаливи направи“.

Бројот на демонстранти на улиците на Лос Анџелес се намали, но некои групи сè уште се во „судар“ со полицијата, сообраќај е во прекин, а чад се крева од автопатот 101.

Лентите кон југ на автопатот 101 се затворени до понатамошно известување поради протестот, соопшти Полициската управа на Лос Анџелес на X.

Возачот е уапсен откако демонстрантите почнале да го бркаат во центарот на Лос Анџелес откако наводно се обидел да прегази луѓе. Во еден момент, можело да се слушнат истрели што доаѓале од возилото. Службеникот на полицијата во Лос Анџелес, Тони Им, изјави дека полицијата нема информации за можна пукотница и нема пријавени повредени.

Би можело да ве интересира

Хаос во Солун: Полицијата уапси 313 лица во рација на универзитетски кампус

ВИДЕО: По заканите со убиства и тепачки, учесникот на протестите во Битолско му се извини на целиот државен врв

Катерина Ѓуровски

Илјадници луѓе на улиците на Лос Анџелес; Протестот против ICE ескалираше во судири

CBS: 1.500 американски војници се подготвени за интервенција во Минеаполис

Илјадници жители на Гренланд маршираа против Доналд Трамп: Направи ја Америка да си оди

Предраг Петровиќ

Полицијата употреби солзавец и шок-бомби против демонстрантите во Минеаполис