(ВИДЕО) Пригожин до ковчегот покриен со американско знаме: Го предадовме телото на поранешниот специјалец

Од:

Основачот на руската паравоена група Вагнер во четвртокот за Си-Ен-Ен потврди дека на Украина и го предал телото на Николас Мајмер, пензиониран војник на специјалните сили на американската армија, кој беше убиен во битката кај Бахмут.

„Денеска во 15 часот го предадовме телото на Американецот Николас Мајмер на украинската страна“, рече Евгениј Пригожин во аудио порака.

Мајмер бил во зграда во Бахмут која се урнала откако била погодена од артилериски оган, според пензионираниот потполковник Пери Блекбурн, основач на непрофитната организација AFGFree, со која Мајмер работел во Украина. Блекбурн истакна дека Украинците кои биле со Мајмер верувале дека тој бил или заробен во урната зграда или убиен во руски артилериски оган.

Си-Ен-Ен известува дека деталите за смртта на Мајмер не се независно потврдени. На видеото што го сподели прес-службата на Пригожин, шефот на Вагнер стои покрај два ковчези, едниот покриен со американско знаме, а другиот со турско знаме. „Американецот е убиен во битката во „гнездото“ (една од последните области за кои се водат борби на западниот дел од градот)“, вели Пригожин на видеото.

Тој додаде дека во вториот ковчег било телото на турски државјанин кој со својата партнерка бил во Бахмут.

„Најдени се под урнатините на зградата, поточно тој и неговите документи. Откако се повлекоа, Украинците ја разнесоа зградата, а тие загинаа под урнатата зграда. Жената не успеавме да ја извлечеме, но него го извлековме и ќе се врати во татковината“, рече тој.

Би можело да ве интересира

Руски воен блогер: Ситуацијата во Донецк од час во час станува се поалармантна

Пригожин: Украинците ги враќаат загубените позиции во Бахмут

ВИДЕО: Дронови паднаа на автопат јужно од Москва

Платеници од Полска се борат и во рускиот Белгород

(ВИДЕО) Украинците споделуваат видео: Војската моли за тишина

Катерина Павлова-Николовска

Украинска армија: Нема да објавиме почеток на контраофанзивата

Ана Ололовска