ВИДЕО: Претепан претседателот на ерменскиот парламент, целосен хаос на улиците на Ереван

Од:

Синоќа владееше целосен хаос на улиците на Ерменија откако беше објавено дека во Нагорно Карабах е договорен мир.

Толпа демонстранти упаднаа во парламентот, го претепаа претседателот Арарат Мирзојан, кој сега се наоѓа во тешка состојба, а во текот на ноќта се слушаа истрели на улиците.

Толпата упаднала и во зградата на ерменскиот парламент, каде имало конфликт, а летале разни предмети.

Претседателот на парламентот Арарат Мизојан бил претепан, а како што откри ерменскиот премиер Никол Пашинијан во обраќањето преку видео врска на „Фејсбук“, Мирзојан бил опериран, но неговиот живот не е загрозен.

– Насилниците го претепаа Арарат Мирзојан. Тој сега е на операција и неговиот живот не е во опасност – истакна Пашинијан.

Акциите во Ереван беа поттикнати од изјавата потпишана вчера меѓу рускиот претседател Владимир Путин, азербејџанскиот лидер Илхам Алиев и ерменскиот премиер Никол Пашинјан, која најавува целосен прекин на воените дејствија во Нагорно Карабах.

„Република Азербејџан и Република Ерменија остануваат на своите позиции. Мировниот контингент на Руската Федерација се наоѓа по должината на линијата за контакт во Нагорно Карабах и по коридорот што го поврзува Нагорно Карабах со Република Ерменија“, вели Путин во изјавата.

Исто така, се наведува дека внатрешно раселените лица и бегалците се враќаат на територијата на Нагорно Карабах и околните области под контрола на Високиот комесаријат за бегалци на ООН.

Би можело да ве интересира

Алиев: Русија да ја признае вината за авионската несреќа, да ги казни виновниците и да плати отштета

Горан Наумовски

Песков: Путин и Алиев продолжија да разговараат за соборувањето на авионот на „Азербејџан ерлајнс“

Горан Наумовски

Алиев: Уривањето на азербејџанскиот авион во Казахстан не беше терористички чин

Ерменија бара повлекување на руската војска од аеродромот во Ереван

Ерменија: Не сакаме во НАТО

Америка предупредува на нова војна на Кавказ: „Ќе нападнат“