Премиерката на Нов Зеланд Џасинда Ардерн изјави дека најмалку 40 луѓе загинале во напад во две џамии, што се случи во градот Крајстчрч.
– Ова е еден од најтемните денови во историјата на Нов Зеланд. Она што се случи овде е досега невиден чин на насилство, истакна премиерката Ардерн.
Таа додаде дека повеќе од 20 лица се ранети, од кои повеќето со сериозни повреди.
По престрелката чeтири мажи и една жена се уапсени.
Претходно локалните медиуми јавија за 27 загинати и најмалку 30 ранети.
Полицијата потврди дека има „значителен“ број жртви, но не го прецизира нивниот број. Во соопштение наведува и дека откриле неколки импровизирани експлозивни направи оставени под автомобили.
Маж, кој презел одговорност за нападот, оставил антиимигрантски проглас на 74 страници, во кој објаснува кој е и какви се причините за нападот.