ВИДЕО: Премиерката на Финска снимена како се забавува, опозицијата бара да направи тест за дрога

Од:

Видеа објавени на социјалните мрежи, ја прикажуваат финската премиерка Сана Марин како се забавува со неколку познати фински личности, меѓу кои и пратеникот Илмари Нурминен и ТВ водителката Тини Викстром.

На видеото Марин танцува во занес со неколку пријатели, а во позадина се слуша како луѓето викаат за кокаин, пренесуваат финските медиуми.

Финскиот пратеник Мико Керна, коалициски партнер на партијата на Сан Марин, ја повика премиерката да направи тест за дрога и да ги објави резултатите јавно.

„Народот може да го очекува ова од својот премиер“, напиша тој на Твитер.

На прес-конференција во четвртокот наутро, Марин негираше дека користела дрога и рече дека „нема што да крие“, објави Политико.

Би можело да ве интересира

Фински неонацисти сакале да ја убијат поранешната премиерка, направиле оружје со 3Д принтер

Ревизорски извештај: Финската премиерка не ги занемарила своите должности на забавите

А1он

За Финска најважно е Унгарија и Турција да го одобрат нејзиниот влез во НАТО: Сите очи сега се насочени кон нив

А1он

Марин: Бевме наивни, мора што побрзо да се ослободиме од руските фосилни горива

А1он

(ВИДЕО) Пријателки на финската премиерка во акција: Ги соблекоа костимите за капење и ги покажаа голите гради

Горан Наумовски

Финската премиерка се извини за фотографијата од забавата од официјалната резиденција