Најмалку 37 лица загинаа во пожар кој што зафати трговски центар во градот Давао на Филипините.
Пожарот започнал на третиот кат и се проширил нагоре, при што ги заробил вработените во кол-центарот.
На интернет се појави видео од камера што ја носел пожарникар, на кое што може да се забележи сериозноста на пожарот.