(ВИДЕО) Пожар во романскиот Парламент, во инцидентот нема повредени

Од:

Во романскиот Парламент денеска избувна пожар, што доведе до евакуација на 300 лица, јавуваат романските медиуми.


– Пожарот се случил на влезот од зоната за посетители, на ниво С2. Пожарникарите веднаш интервенирале, па пожарот веднаш бил изгаснат. Надлежните институции ќе ја утврдуваат причината за пожарот – се вели во соопштението на Долниот дом на Собранието.


Инспекторатот за вонредни состојби (ИСУ) наведува дека пожарот избувнал во просторија за посетители од 30 метри квадратни.

– Гореле текстилни и канцелариски предмети. Во инцидентот нема повредени – соопшти ISU Букурешт, пренесува Romania Journal.

Полицијата соопшти дека „врз првите истраги било утврдено дека за време на конфликтот маж, посетител, наводно фрлил запалива материја“ во Палатата на Собранието.

– Пожарот бил во собата на посетителите, во тој момент се евакуирани приближно 300 лица – соопштија од собраниската полиција.

Би можело да ве интересира

Романија нема да испрати мировни трупи во Украина

Во Романија уапсен прорускиот претседателски кандидат

Катерина Ѓуровски

Пожар во семејна куќа, пронајдени три јагленосани тела

А1он

Обвинение за намерно предизвикување пожар во кафуле во Кисела Вода

Предраг Петровиќ

Пожар во Кавадарци: Изгоре дел од куќа

Двајца станари, пожарникар и полицаец се повредени во пожарот во зграда во Кисела Вода

Катерина Ѓуровски