(ВИДЕО) Пожар во нуклеарната централа Запорожје

Од:

Во нуклеарната централа Запорожје во Украина забележлив пожар, но и чад што се издигнува кон небото.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, по овој инцидент итно се огласи.

– Од Никопол забележавме дека руските окупатори запалија оган на територијата на нуклеарната централа Запорожје. Во моментов, нивото на радијација е во нормални граници. Но, се додека руските терористи ја држат контролата над нуклеарната централа, ситуацијата не е и не може да биде нормална. Од првиот ден на окупацијата Русија ја користи нуклеарната централа Запорожје само за да ја уценува Украина, цела Европа и светот. Чекаме светот да реагира, чекаме МААЕ (Меѓународната агенција за нуклеарна енергија) да реагира. Русија мора да сноси одговорност за ова. Само украинската контрола над нуклеарната централа Запорожје може да гарантира враќање во нормала и целосна безбедност – рече Зеленски.

Според информациите на руските медиуми, погодени биле системите за ладење на нуклеарната централа.

Украинската страна ја обвинува Русија за инцидентот, а руската страна Украина.

Руската агенција ТАСС јавува дека во овој инцидент нема повредени.

Би можело да ве интересира

На Шолц му е кажано: „Русија е непобедлива“

ВИДЕО: Русија го нападна Киев

Катерина Ѓуровски

Во Харков е прогласена тревога за воздух, се слушаат експлозии

Целите се означени: Украина е подготвена да нападне

Русите брзо напредуваат кон клучниот град. „Ситуацијата е критична, преземаме голем ризик“

Украински медиуми: Русија донесе рекорден број бродови во Црното Море