Американскиот претседател Доналд Трамп повторно е мета на подбив во локалните медиуми и кај граѓаните на социјалните мрежи откако беше снимен како се качува во претседателскиот авион без да забележи дека на едната кондура има залепено тоалетна хартија.
-Тој детаљ не остана незабележан. Со оглед дека Трамп беше под будното око на камерите додека влегуваше во авионот, беше снимено како на една од кондурите имаше парче хартија, кое наликуваше на тоалетна хартија, пренесува Хафингтон пост.
Порталот наведува дека тоа е ситуација која може да му се случи на секој човек, но секако има поинаква димензија кога е во прашање претседателот на САД кој влегува во авионот.
Трамп патуваше од Минеаполис до Рочестер во Минесота во рамки на кампањата пред парламентарните избори во САД.