Две лица фрлале рачни гранати во ноќен клуб во северна Колумбија, при што биле повредени 31 лице, а 11 од нив потешко, објавија локалните медиуми.
Како што се наведува, неколку лица биле ранети во експлозијата, а другите биле повредени во стампедото што притоа настанало.
Експлозијата се случила околу полноќ по локално време во ноќниот клуб „Бора Бора“.
Началникот на областа Кауказија, во која се случила експлозијата, Оскар Анибал Суарез, информирал дека напаѓачите биле маж и жена. Осомничените во нападот на клубот, наводно, биле уапсени.
Полицијата верува дека зад нападот стои Заливскиот клан, кој се смета за главна криминална група во земјата.
Според една верзија, нападот бил порака за сопственикот на дискотека, кој, наводно, не сакал да даде рекет.