(ВИДЕО) Повеќе лица загинаа во пожар во дом за стари лица во Масачусетс

Од:

Повеќе лица загинаа, а многу повеќе се повредени во пожар што избувна денес во домот за стари лица „Габриел Хаус“ во американскиот град Фол Ривер, објавија денес властите во државата Масачусетс.

„Сè уште нема да го објавиме точниот број на жртви, бидејќи чекаме новости за состојбата на поединечните пациенти. Ова е голема трагедија за градот Фол Ривер и семејствата погодени од несреќата. Нашите мисли се со нив“, изјави портпаролот на противпожарната служба на Масачусетс, Џејк Ворк, пренесува Ројтерс.

Како што е објавено, околу 50 пожарникари интервенирале на местото на пожарот, а голем број корисници биле евакуирани од објектот.

Би можело да ве интересира

Иран: Нема преговори со САД

Трамп испраќа елитни падобранци на Блискиот Исток

Иранска државна телевизија: Иран го отфрла предлогот на САД од 15 точки

Адмиралот Купер тврди: Иранците ќе добијат „сигнал“ кога да излезат на улица

„Eрусалим пост“: САД размислува за копнена инвазија на иранскиот остров Харг

Горан Наумовски

Иранската револуционерна гарда се заканува со одмазднички напади доколку е погоден енергетскиот сектор на Иран