Силниот циклон Амфан ги погоди бреговите на Индија и Бангладеш, поради што повеќе од 2,6 милиони луѓе се евакуирани во засолништа.
Циклонот Амфан, еквивалент на ураган од категорија три, е проследен со ветар со брзина до 170 километри на час и максимални налети од 190 километри на час.
Властите предупредуваа дека тој може да предизвика голема штета на домовите и оти невремето може да ја потисне морската вода и до 25 километри на копно и да ги поплави градовите, вклучително и Калкута.