ВИДЕО: Поплавите во Шпанија однесоа шест жртви

Од:

Бројот на загинати во невремето и поплавите во Шпанија се зголеми на шест откако телото на еден човек беше пронајдено денес на северо-истокот на земјата.

Последната жртва е 40-годишен маж од градот Орихуела, кој се наоѓа на околу 55 километри оддалечен од Аликанте, каде премиерот Педро Санчез го посети кризниот штаб.

Повеќе од 1.100 воени лица се распоредени во регионот Мурсија и Валенсија во обид да им помогнат на луѓето блокирани во поплавените области. Војската исто така помага при евакуацијата.

Три лица беа пронајдени мртви вчера, додека две други исчезнаа претходниот ден кога водата го однесе автомобилот во кој се наоѓаа.

Тешки временски услови со дожд и ветер очекуваат метеоролозите во наредните денови за централна и јужна Шпанија.

Би можело да ве интересира

Експлозија во фабрика за оружје во Шпанија, има повредени

Шпанија: Во бурата Херминио тројца повредени, 13.000 луше се без струја

Повеќе од 25.000 домови во Австралија без струја поради невреме

ВИДЕО: Најмалку 30 повредени во несреќа на жичница во Шпанија:

Катерина Ѓуровски

Извлечени завеани пет малолетни и едно возрасно лице од село Рајчани

3,5 милиони евра за снегот и мразот по улиците, но сумата допрва ќе расте