ВИДЕО: Полугола активистка му се нафрли на Земан

Од:

Чесите втор ден гласаат на претседателските избори, на кои осуммина кандидати се надеваат дека ќе успеат да го соборат актуелниот претседател на државата, Милош Земан.

Во трката по нов петгодишен мандат за функцијата која е претежно церемонијална е и самиот Земан (73), а според анкетите направени пред гласањето, се очекува токму тој да го добие првиот круг.

Сепак, гласањето во петокот беше одбележано со еден поситен инцидент. Имено, кога Земан влегуваше на избирачкото место во Прага, до него се приближи топлес активистка, која почна да извикува „Земан е проститутка на Путин!“.

Веднаш интервенираше и обезбедувањето, кое го оддалечи потресениот претседател од местото на инцидентот. Земан неколку минути подоцна се вратил да гласа, по што изјавил дека му е чест што му пришла активистка од организацијата „Фемен“.

Земан првиот мандат го доби во 2013-та година за време на првите директни претседателски избори во земјата. Ако во овие претседателски избори ниту еден кандидат не добие мнозинство, првите двајца ќе се соочат во вториот круг кој ќе се одржи за две недели.

Би можело да ве интересира

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица

(ВИДЕО) Судар на возови во Чешка: четворица мртви, десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница