ВИДЕО: Полска конфискуваше руско училиште во Варшава, реагираше Русија

Од:

Полска денеска соопшти дека ја конфискувала руска училишна зграда во Варшава и дека зградата сега ќе биде во сопственост на градот, соопшти Министерството за надворешни работи.

„Од денеска зградата е во сопственост на градските власти“, рече портпаролот на министерството Лукаш Јасина, истакнувајќи дека станува збор за запленување. Русија веднаш го осуди „незаконскиот чин“ на полските власти и вети дека ќе одговори соодветно.

„Тоа е незаконски чин и напад на дипломатска локација и како таков претставува кршење на Виенската повелба за дипломатски односи“, рече рускиот амбасадор во Варшава, Сергеј Андреев, додавајќи дека Русија ќе одговори „според принципот на реципроцитет. .

Полицијата се бранеше дека само присуствувала на постапката за конфискација.

Градските власти на Варшава пред една година ја конфискуваа руската дипломатска зграда која ја прогласија за „гнездо на шпионите“. Тој случај е предмет на правен спор меѓу Русија и Полска, која зградата и ја понуди на Украина.

Станува збор за десеткатница од 70-тите години што ја користеле советските дипломати, а подоцна станала руска амбасада.

Русија ќе поднесе официјален дипломатски протест поради, како што вели, незаконското заземање на училиште во нејзината амбасада од страна на полските власти во Варшава, изјави денеска за руските државни агенции московскиот амбасадор во Полска Сергеј Андреев.

Би можело да ве интересира

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Шпионска афера во Полска, оставка поднесе шефицата на полското Биро за борба против корупција

Ројтерс: Русија би можела да и предаде на Украина замрзнати средства во вредност од 300 милијарди долари