ВИДЕО: Полицијата во Љубљана со водени топови ги разби демонстрантите против новите мерки

Од:

Во Љубљана, каде што вечерва граѓани протестираа против новите владини мерки против ширењето на коронавирусот, полицијата употреби водени топови за да ги растера демонстрантите, а тие ги гаѓаа полицајците со камења и пиротехнички средства.

Како што пренесуваат локалните медиуми, десетици демонстранти се собраа да протестираат поради владините мерки, а организаторите на протестот, кој е закажан за утре, се оградија од учесниците на денешниот собир.

По употребата на водени топови и солзавец од страна на полицијата, демонстрантите се разотидоа, пишува „Словенечко дело“.

„Хеликоптери го надлетуваа центарот на Љубљана, а се слушнаа и неколку експлозии, веројатно од шок-бомби. Еден новинар е повреден, пишува „Дело“.

Би можело да ве интересира

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

ВИДЕО: Силно невреме ја парализираше Словенија

Лизгање на земјиште затрупа неколку куќи во Словенија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Невремето од Словенија ја зафати Хрватска: Силните налети на ветер уриваа покриви и дрвја

Италијански полицајци бркале Романци низ цела Словенија

ВИДЕО: Словенија зафатена од суперќелиска бура

Катерина Ѓуровски