Неколку стотини активисти за заштита на жвотната средина беа приведени денеска откако ја пробија оградата и се пробија во делот за приватни авиони на аердоромот во Амстердам. Активистите, дел од нив и со велосипеди кои ги возеа по пистата блокираа 14 приватни авиони.
Amsterdam airport police running after hundreds of climate activists blocking private jets while on bicycles is objectively funny https://t.co/nhiVnblHGg pic.twitter.com/o4ULxKzmuH
— Thijs Niks (@thijsniks) November 5, 2022
Членовите на Гринпис и на уште едно еколошко движење извикуваа „Долу летови„ и Шипол загадувач на животната средина“ добија аплауз од патниците на аердоромот.
„Денешната акција значи дека Шипол мора да на намали емисијата на штетни гасови и да го намали бројот на летови“ – изјави портпаролот на движењето.
По три часа „опсада“, полицијата почна да ги апси активистите.