Најмалку пет се убиени, а ранети се единаесет полицајци од снајперисти кои пукаа кон нив во центарот на Далас, за време на протестот поради неодамнешното убиството на двајцата Афроамериканци, кои го извршиле припадници на полициите во Луизијана и Минесота.
Полицијата сооппшти дека уапсила тројца осомничени, а со четвртиот кој пукал со снајпер и се заканува со активирање на бомба полицијата преговара.
Еден од тројцата уапсени доброволно се предал, откако негова фотографија била објавена од полицијата и јавноста била замолена да помогне во неговото идентификување.
За време на преговорите со четвртиот осомничен тој изјавил дека поставил бомба некаде во центарот на градот, истакна Браун.
Осомничениот исто така отворил оган кон полицајците, кои го опколиле и престрелката трае веќе 45 минити, додаде тој. Тој изјавил дека планира да повреди уште полициски службеници.
Најмалку двајца снајперисти отвориле оган кон полициските службеници со намера да убијат колку што е можно повеќе полицајци. Биле повредени дури и тројца сообраќајци.
Нападите биле планирани и координирани.
По нападот врз полицајците за време на протестот во Далас, центарот на градот буквално беше блокиран од силите на редот.
Поради инцидентот американското цивилно воздухопловство ги ограничи летовите над Далас.