(ВИДЕО) Полицајци спасија бебе и неговото семејство од запалена куќа

Од:

Американски полицајци спасија бебе и неговото семејство од запалената куќа. По настанот полицајците инсистираа да кажат дека „само ја вршеле работата“.

Засега се знае дека од непознати причини пламнал пожар во стан среде ноќ на семеен имот во Франкфорт, Индијана.

Семејството рече дека можеле сите да загинат во пожарот да не биле полицајците.

Таткото Џејкоб Нил рече дека „штотуку настанала паника“ откако сфатил дека неговиот дом на долниот кат е во пламен, што го оневозможило семејството да ја напушти куќата.

Тие се јавиле во полициската управа во Франкфорт околу 2.10 часот и објасниле дека малата Аурора се мачи да дише.

За една минута од повикот, полицајците Ендрју Снајдер, Фреди Мартинез и Медисон Даглас пристигнаа на местото на настанот.

Снимката од телесната камера на еден од полицајците покажува дека Снајдер брзо наоѓа скала и ја става пред прозорецот од вториот кат.

Тој зборува со семејството и ги упатува да му го дадат бебето.

„Може ли да го земам твоето дете, може ли да го земам твоето бебе? прашува тој на снимката.

Потоа ги води другите петмина по скалата до безбедно.

На снимката се слуша како вели „Излези! Само излезете!’

Мајката Елизабет Кроу (21) првпат била предупредена за пожарот кога почнала да мириса на чад додека сакала да заспие.

Таа брзо го разбуди Нил кој се симна долу за да истражи.

Тој за „Добро утро Америка“ изјави: „Кога ја отворив вратата, само ме удри чад во лицето и видов оган, и веднаш почна паника. Ја затворив вратата, истрчав горе и го доведов моето семејство во спалната соба“.

Со брзата реакција на полицијата, тврдат тамошните медиуми спасено е целото шестчлено семејство.

Би можело да ве интересира

Обвинение за намерно предизвикување пожар во кафуле во Кисела Вода

Предраг Петровиќ

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Пожар во Кавадарци: Изгоре дел од куќа

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина