ВИДЕО: Полицаец пукал во нога на човек кој сакал да се самоубие

Од:

Непознат човек во Франција се обидел да си го одземе животот со ловечка пушка, но во тоа го спречил чинот на еден полицаец.

Како што пренесуваат медиумите мажот кој сакал да се самоубие, ја заклучил портата во дворот од својата куќа, пред која се наоѓала неговата сопруга која го преколнувала да не се убие и полиција.

Со оглед на тоа што немало друг влез во куќата, еден од полицајците се качил на балкон од зградата, која се наоѓала во непосредна близина и имал добар поглед на суицидниот маж.

Полицаецот пукал во ногата на човекот кој сакал да се самоубие и на тој начин го спречил да си ја разнесе главата. За среќа успеал во намерата, па жртвата се здобила само со повреда на ногата.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано