ВИДЕО: Погребот на познат палестински активист се претвори во протест против претседателот Абас

Од:

За време на закопот на познат активист, противник на палестинските лидери, кој почина за време на апсење, илјадници Палестинци денеска повторно побараа палестинскиот претседател Махмуд Абас да ја предаде власта.

Илјадници Палестинци го следеа ковчегот на Низар Банат низ градот Хеброн, на Западниот брег, а некои извикуваа „луѓето сакаат режимот да падне“ и „Абас заминувај“.

Некои од нив носеа палестински знамиња, а други знамето на Хамас, исламистичкото движење од Газа, кое се спротивставува на политиката на Абас.

Демонстранти се собраа и во Рамала, како и во близина на џамијата Ал-Акса во Ерусалим.

Семејството Банат тврди дека силите на палестинските власти вчераутро упаднале во неговата куќа и почнале да го удираат со метална шипка, пред да го уапсат. Банат притоа се здобил со повреди на главата, соопшти Независниот комитет за човекови права на палестинските власти, по обдукцијата.

Палестинските власти најавија истрага, но не одговорија на наводите за третманот на активистот. Гувернерот на Хеброн, Џибрин Ал-Бакри изјави дека Банат починал откако здравјето му се „влошило“ при апсењето.

Популарноста на Абас стрмоглаво опадна откако овој 85-годишниот политичар стана претседател во 2005 година. Со Палестинската самоуправа, тој со декрет владее повеќе од една деценија.

Починатиот Банат беше 43-годишен активист кој го обвини Абас за корупција и го прозва за одложувањето на изборите, првично закажани за мај, на кои Банат сакаше да биде кандидат за парламентот.

Организациите за човекови права велат дека Абас често ги апси неговите критичари, а „Хјуман рајтс воч“ соопшти дека апсењето на Банат „не е исклучок“.

САД, Обединетите нации и Европската унија ги повикаа палестинските власти да спроведат „транспарентна“ истрага за смртта на Банат.

Хамас, движењето кое е на власт во Газа, ги повика Палестинците да се побунат и „конечно да стават крај на раширените повреди на слободата и правата на палестинскиот народ од страна на палестинската самоуправа“.

Би можело да ве интересира

Трамп се огласи откако Хамас не го исполни неговиот ултиматум: „Сега Израел нека одлучи што сака да прави“

Предраг Петровиќ

Израел ослободи Палестинци од затвор: Им ставија исти маици и напишаа една реченица

Предраг Петровиќ

Пентагон му се заканува на Египет дека ќе ја прекине помошта доколку не го прифати планот на Трамп за Газа

Предраг Петровиќ

Рубио: Кревок е прекинот на огнот меѓу Израел и Хамас

Израел ослободи 183 палестински затвореници

Саудискиот принц му пишa на Трамп за Газа: Палестинците не се илегални имигранти, тоа е нивна земја