Пет лица загинаа во експлозија што се случи во неделата во Ереван, главниот град на Ерменија, соопшти Министерството за вонредни ситуации на оваа кавкаска земја.
Жртвите се еден маж и четири жени, прецизира Министерството во соопштението, нагласувајќи дека потрагата и спасувањето траела цела ноќ.
Според Министерството, повеќе од 60 лица се повредени во експлозијата, а 19 се сметаат за исчезнати.
Генералното обвинителство објави дека отвора истрага за „повреда на правилата за складирање на запаливи производи“ и „прекршување на правилата за заштита од пожари“ што довела до смрт на неколку лица поради „негрижа“.
Two blasts ripped through a fireworks warehouse in a shopping mall in the Armenian capital of Yerevan, killing one person and injuring at least 20 https://t.co/SBEEoETucW pic.twitter.com/wn8BDKiIOW
— Reuters (@Reuters) August 14, 2022
Засега не е позната причината за експлозијата што се случи во областа околу големопродажниот пазар Сурмалу. Ова место традиционално привлекува голем број луѓе во недела.
Дел од медиумите, повикувајќи се на сведоци, објавија дека експлозијата се случила на место каде што се чуваат пиротехнички средства.