ВИДЕО: Подигнато руско знаме во Угледар

Од:

Русите напредуваа во важни сектори на фронтот и војната може да се приближи до големите градови, според заменик-командантот на украинската Трета јуришна бригада Максим Жорин.

Украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров пак ги отпушти тројцата заменици и секретарот на министерството.

Во објава на социјалните мрежи, Умеров напиша дека побарал од владата да ги разреши Станилсав Хајдер, Александар Серхи и Јуриј Џигир од функцијата заменик министер за одбрана, како и секретарката на Министерството Људмила Дарахан, пренесува Ројтерс.

Си поставив задача да го завршам „процесот на чистење“ во системот во тесна соработка со органите на прогонот и антикорупциските органи“, рече Умеров. Сето ова доаѓа по напредувањето на руската војска во повеќе правци и се поизвесното заземање на украинскиот град Угледар. Русите веќе поставуваат свои знамиња во западниот дел од градот каде сеуште има отпор од украинската војска.

„Владимир Зеленски не е способен да преговара, Западот треба да го разбере тоа и да го замени“, изјави пратеникот на Врховната рада на Украина, Александар Дубински.

„Со претставувањето на Зеленски како некој што може да преговара, тие беа измамени и сега очекуваат тој да ја промени својата политика и да очекуваат некакви преговори со Русија. Сепак, тоа не е можно. Зеленски не е способен да преговара. Тој нема да се согласи со какви било промени“, рече Дубински.

Според него, додека Западот не разбере дека ситуацијата може да се промени само со замена на Зеленски, Украина ќе изгуби уште повеќе територии и луѓе.

Би можело да ве интересира

Одлуката за гласањето на Македонија во Њујорк беше неочекувана, вели францускиот амбасадор

Катерина Ѓуровски

Нов состанок на Русите и Американците утре во Истанбул

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Русија го нападна Киев, погодена станбена населба

ВИДЕО: Украина со дронови ја нападна најголемата руска рафинерија на Црното Море

ВИДЕО: Детали од клучниот договор меѓу Украина и САД

Катерина Ѓуровски

Украина потврди дека е пред договор со САД за минералите