Израелската армија објави дека ја започнала операцијата Железни мечеви како одговор на ненадејниот напад на Хамас врз Израел утринава, во кој, според израелските медиуми, загинале најмалку пет лица, а 100 се ранети.
Израелските одбранбени сили со десетици борбени авиони вршат напади врз локации на милитантната организација Хамас во Појасот Газа, се наведува во соопштението.
BREAKING: Israeli Air Force is striking terror targets in Gaza.
Israel has every right to defend itself against terrorism. pic.twitter.com/GRwuTXiV0I
— Hananya Naftali (@HananyaNaftali) October 7, 2023
Портпаролот на армијата изјави дека од 6 часот и 30 минути утринава врз Израел биле истрелани над 2.200 ракети, пишува „Тајмс оф Израел“.
Тој додаде дека припадниците на Хамас извршиле напад од копно, море и воздух.
Има најмалку седум места на борби меѓу Хамас и израелските војници, соопшти армијата.
Хамас претходно ја презеде одговорноста за ракетниот напад утринава врз јужен и централен Израел од Појасот Газа.
Мохамед Деиф, висок воен командант на Хамас, го најави почетокот на операцијата во пренос на медиумите на Хамас, повикувајќи ги сите Палестинци да се борат, пренесува Ројтерс.
„Ова е денот на најголемата борба и последниот ден од окупацијата“, рече Деиф, додавајќи дека биле лансирани 5.000 ракети.
„Хамас направи сериозна грешка кога ја започна војната“
Израелската армија објави подготвеност за војна и го обвини палестинскиот Хамас, кој има моќ во Појасот Газа, за овој напад.
Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант изјави дека терористичката група Хамас направила „сериозна грешка“ кога извршила ненадеен напад врз Израел со ракетни напади и инфилтрирање во градовите на границата со Појасот Газа.
– Хамас утрово направи тешка грешка и започна војна против државата Израел. Израелските војници се борат со непријателот на сите места на инфилтрација. Израел ќе победи во оваа војна – се вели во соопштението на Галант од неговиот кабинет.
Центарот и јужниот дел на Израел под силен ракетен оган повеќе од 3,5 часа
Центарот и југот на Израел се под силен ракетен оган повеќе од 3,5 часа поради континуиран и широко распространет напад од Газа, а се верува дека најмалку пет лица се убиени, а најмалку 100 се ранети, пишува Тајмс оф Израел.