Акцијата за извлекување на 12 деца и нивниот тренер од пештерата во Тајланд почна околу 10 часот по локално време.
Спасувачите влегоа во пештерата, а претходно беше евакуиран сиот персонал, освен лекарите и обезбедувањето.
Акцијата ќе ја спроведат 18 нуркачи, меѓу кои има осум странци и пет припадници на тајландските „фоки“.
Спасувачите успеаја да го намалат нивото на водата, но тоа нема долго да трае и затоа била донесена одлука да се делува многу брзо.
Најголем предизвик е првиот дел од нивниот пат низ поплавените тунели. Децата беа обучувани претходните денови да нуркаат, и токму ќе мора да поминат низ овие премини. Претпоставка е дека децата ќе бидат спасувани едно по едно и ќе бидат извлекувани со двајца нуркачи.
Ok. 14:00 czasu polskiego, rozpocznie się akcja wydobycia chłopców i trenera. Zachęcam do modlitwy w tej intencji… #ChiangRai #ThaiCaveRescue #ThaiBoys #Thailand #Tajlandia #akcjaratownicza pic.twitter.com/ilC3NWkSmT
— Anna Dobosz ?? (@aniadrummer) July 8, 2018
По овој опасен дел од трасата на извлекување, ќе може и да пешачат со оглед дека нивото на водата е доста намалено.
Како што пренесуваат светските медиуми, децата се подготвени за акција, а нивните родители се известени за почетокот на акцијата.
Командирот на акцијата наведе дека идеалните услови за да се спасат децата се само следните три до четири дена, колку што е и максимумот време предвидено за завршување на извлекувањето.
Вчера во Тајланд почна сезоната на монсунските дождови која трае до крајот на октомври.