ВИДЕО: Почетокот на Лигата на шампионите одложен поради хаос на стадионот, навивачите масовно ја прескокнуваа оградата

Од:

Финалето од Лигата на шампионите меѓу Ливерпул и Реал Мадрид доцнеше повеќе од 30 минути поради хаотични сцени пред стадионот „Стад де Франс“.

Најпрвин се појавија информации, од тоа дека автобусот со играчите на Ливерпул доцнел до тоа што УЕФА забранила натпреварот да започне навреме (21 часот) затоа што сите навивачи не влегоа на стадионот.

На крајот се покажа дека причината е од безбедносна природа бидејќи голем број навивачи кои немале билет почнале да ја прескокнуваат оградата и да трчаат кон трибините.

Дури и француската полиција на Твитер ги молеше навивачите на двата клуба да не влегуваат на стадионот по секоја цена, но повеќето оглувеа ​​на нивните апели и продолжија кон својата цел.

Француските полицајци во еден момент биле принудени да употребат солзавец и за среќа застанаа на тоа при што немаше повредени.

Би можело да ве интересира

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Лига на шампиони, предвидувања за Интер-Салцбург

Предраг Петровиќ

Приведени 68 лица пред и по натпреварот во Париз

Реал Мадрид ја освои Лигата на шампионите

УЕФА: Без завршена сезона, ќе нема клубови во ЛШ и ЛЕ

Жалбата на Манчестер сити за забрана на настап во ЛШ може да биде одложена