Финалето од Лигата на шампионите меѓу Ливерпул и Реал Мадрид доцнеше повеќе од 30 минути поради хаотични сцени пред стадионот „Стад де Франс“.
Најпрвин се појавија информации, од тоа дека автобусот со играчите на Ливерпул доцнел до тоа што УЕФА забранила натпреварот да започне навреме (21 часот) затоа што сите навивачи не влегоа на стадионот.
Absolute shambles.
? @elchiringuitotv pic.twitter.com/p3JnzQnPpt
— Football Tweet ⚽ (@Football__Tweet) May 28, 2022
На крајот се покажа дека причината е од безбедносна природа бидејќи голем број навивачи кои немале билет почнале да ја прескокнуваат оградата и да трчаат кон трибините.
Дури и француската полиција на Твитер ги молеше навивачите на двата клуба да не влегуваат на стадионот по секоја цена, но повеќето оглувеа на нивните апели и продолжија кон својата цел.
Француските полицајци во еден момент биле принудени да употребат солзавец и за среќа застанаа на тоа при што немаше повредени.
Pepper spraying fans outside stadium in Paris pic.twitter.com/drgzEpR9gD
— Mark Ogden (@MarkOgden_) May 28, 2022