(ВИДЕО) По сушата, силен дожд падна на југот на Шпанија, поплавени улици, затворени училишта

Од:

Шпанските власти превентивно ги затворија училиштата, универзитетите и градинките, бидејќи обилните дождови денеска го зафатија крајбрежниот југоисточен дел на земјата по долга суша, оставајќи поплавени подруми, потопени автомобили и затворени патишта.

Обилните врнежи се очекува да продолжат и во остатокот од денот во најтешко погодените области, вклучително и делови од регионите Мурсија, Валенсија и Андалузија.

Некои локации во регионот на Валенсија забележаа повеќе дождови за неколку дена отколку во изминатите шест месеци заедно, објави националната метеоролошка агенција АЕМЕТ.

Со 130 литри на метар квадратен, градот Онтињент во регионот на Валенсија имаше рекордна количина на врнежи во еден ден во мај во споредба со изминатите сто години, додава агенцијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Поплави го погодија југоисточниот дел на САД, загинаа најмалку девет лица

САД: Издадени предупредувања за ледена бура, Калифорнија се подготвува за поплави

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда

Експлозија во фабрика за оружје во Шпанија, има повредени

Шпанија: Во бурата Херминио тројца повредени, 13.000 луше се без струја

ВИДЕО: Најмалку 30 повредени во несреќа на жичница во Шпанија:

Катерина Ѓуровски