ВИДЕО: По најавата на Путин за мобилизација, во Финска влегоа речиси 5.000 Руси

Од:

Толпата на границата на Финска и Русија, каде претседателот Владимир Путин прогласи делумна мобилизација, се зголеми во текот на ноќта, соопшти денеска финската полиција, додавајќи дека ситуацијата е под контрола.

Гужви на руско-финската граница

– Финска будно ги следи настаните во соседна Русија по наредбата на претседателот на Руската Федерација Владимир Путин за воена мобилизација, изјави вчера финскиот министер за одбрана Анти Кајконен, пренесува Ројтерс.

Бројот на лица кои вчера ја минале границата и понатаму е помал отколку за време на викендот, изјави шефот за меѓународни работи на финската гранична полиција. Тој додава дека вчера 4.824 Руси влегле во Финска преку источната граница.

Вчера Путин потпиша указ за прва мобилизација во Русија по Втората светска војна. Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека делумната мобилизација што ја најави Путин се однесува на лица со воено искуство и најави дека ќе бидат повикани 300.000 резервисти.

Литванија го подигна нивото на борбена готовност

Вчера Литванија го подигна нивото на борбена готовност на единиците за брза реакција за да спречи каква било можна провокација од руска страна, изјави литванскиот министер за одбрана Арвидас Анусаускас откако Москва најави делумна мобилизација..

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

(ВИДЕО) Драматично се засилуваат руските напади на Суми: „Луѓето се пакуваат“

Што има во американскиот план за мир: за Украина нема НАТО, главен проблем „петте окупирани територии“

ВИДЕО: Ако не ја завршиме војната за неколку дена, САД се повлекува, порача Марко Рубио

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната

(ВИДЕО) Зеленски почна голема одмазда: гори Курск