Тајландски војник изврши масакр во градот Корат, убивајќи најмалку 12 лица. Се претпоставува дека тој зел 16 заложници, кои ги држи на четвртиот кат во еден шопинг центар. Според други извори, тој се наоѓа во подрумот на објектот.
Во пукањето се повредени голем број лица.
Војникот од пешадиските сили на Тајланд, според локалните медиуми, го украл воениот Хамер и од базата побегнал во градот. Тој го возел оклопното возило по улиците на градот, повремено отворајќи оган. Потоа сопрел кај трговскиот центар, отворил оган кон минувачите, по што побегнал.
It is believed the shooter is hiding inside the Terminal 21 mall pic.twitter.com/LKRRKppx3C
— Stickboy Bangkok (@StickboyBangkok) February 8, 2020
Во моментов припадниците на специјалните единици се подготвуваат да влезат во шопинг центарот каде се наоѓа војникот, откако властите го затворија центарот на градот и делот околу трговскиот центар.
Портпарол на Министерството за одбрана за Би Би Си изјави дека војникот Џакрафант Тома пукал кон воениот камп, будистички храм и трговски центар.
#thai #soldier killed many people in korat city https://t.co/bweIh4hnJS
— Aiman khosa (@Aimenkhosa) February 8, 2020
Според тајландските меидуми, војникот објавил снимки во кои се фали со жртвите и ја предизвикува полицијата да го фати ако може.
Корат е трет по големина град на Тајланд и е престолнина на североисточниот регион.