ВИДЕО: Петмина француски полицајци повредени во операцијата во Сен Дени

Од:

Петмина припадници на француската полиција се повредени во операцијата што се спроведува од рано изутринава во центарот на париското предградие Сен Дени, јави дописникот на МИА од Париз.

Во операцијата загинаа две лица, една жена-самоубиец, која се саморазнела со експлозивната направа на стартот на полициската интервенција и еден маж, кој бил убиен од страна на полицијата.

Акцијата започна кога француската полиција болкираше еден стан во Сен Дени, во које беа збарикадирани повеќе вооружени лица.

Француската полиција уапси вкупно пет лица, од кои три биле во станот каде се криеле терористите и уште два во негова непосредна близина.

Во мометов има кусо затишје, но се претпоставува дека еден од терористите се уште е забаракадиран во станот.

Париз Сен Дени акција

На местото околу станоти има голем број припадници на полициските сили, екипи на брзата помош и пожарникари, а како засилување во обезбедување на зоната е вклучина и француската армија.

За време на интервенцијата на полицијата на локалните жители им беше препорачано да не излегуваат од своите домови. Во прекин е и јавниот превоз во Сен Дени, а локланите власти соопштија дека училиштата и градинките денеска ќе бидат затворени.

Еден од петочните напади во репнот на Париз се случи во Сен Дени, кога во близина на стадионот „Стад де Франс“ се разнесе еден бомбаш-самоубиец, убивајќи едно лице и ранувајќи триесетина други.

Би можело да ве интересира

Нова истрага против Марин Ле Пен

Русија: Франција и Обединетото Кралство подготвуваат планови за воена интервенција во Украина

Франција на граѓаните им испраќа и „прирачник за преживување“ во случај на војна

Бела куќа: Апсолутно е невозможно САД да ја вратат Статуата на слободата во Франција

САД не беа поканети на тајниот воен состанок во Париз

Став на Франција за царините на Трамп: Нашиот одговор може да оди чекор понатаму