ВИДЕО: Песочна бура ја зафати Австралија

Од:

Покрај огромните пожари што ја зафатија Австралија изминатиов период и неодамнешните поројни дождови, централниот дел на Нов Јужен Велс е погоден од огромна песочна бура. Бирото за метеорологија издаде серија сериозни предупредувања за грмотевици вчеравечер за внатрешен Нов Јужен Велс со придружни ветрови, кои создаваат огромни облаци прашина.

Видеата објавени на социјалните мрежи покажуваат дека невремето се спушта кон градот Дуббо и околните градови, а облаците прашина биле толку густи што го блокирале сонцето.

Метеорологот од бирото за метеорологија, Роуз Бар, истакнала дека значителниот дожд во неделата е сконцентриран во централните и северните делови на државата. Брзината на ветрот од 94 километри на час е забележана кај Паркес околу 6.30 часот, а кај градот Дуббо забележана е брзина на ветрот од 107 километри на час во 7.45 часот.

Државната служба за вонредни состојби од вчераутро добила 1.453 повици за помош, од кои повеќе од 1.000 биле за оштетувања на градбите. Повеќето градови на средносеверниот брег на Нов Јужен Велс и северните региони беа зафатени од обилни врнежи, а на некои места наврнале помеѓу 100 милиметри и 180 милиметри дожд.

Меѓутоа, токму овие дождови во изминатите неколку дена обезбедија олеснување за сушните делови во Нов Јужен Велс и им помогнаа на пожарникарите да го забават ширењето на пожарите.

Би можело да ве интересира

Стотици илјади луѓе во Австралија се без струја поради тропската бура „Алфред“

Повеќе од 35 лица се повредени во судир на две воени возила во Австралија

Горан Наумовски

Австралија: Втора медицинска сестра обвинета за закани на израелски пациенти

Австралија: Медицински работници тврдат дека убиваат израелски пациенти

Горан Наумовски

Шпанија: Во бурата Херминио тројца повредени, 13.000 луше се без струја

Повеќе од 25.000 домови во Австралија без струја поради невреме