Фудбалот во еден момент беше заменет со страв за сопствениот живот на мечот Германија-Франција. По експлозијата во близина на стадионот следуваше евакуација, а дел од навивачите не сакаа да покажат страв од терористите, ниту дека тие можат да им го сменат животот.
По завршувањето на мечот на голем дел од публиката не и беше дозволено да излезат, сите се симнаа на теренот и додека се ширеа вестите за настрадани, се повеќе се ширеше и паниката.
Сепак, најхрабрите при излегувањето од стадионот во знал на отпор ја запееја француската химна.