Потпретседателот на САД, Мајк Пенс изјави дека кандидатите за највисоки функции во САД од Демократската партија, Џо Бајден и Камала Харис манипулираат со јавноста кога станува збор за вакцината против Ковид-19.
Тој за националната телевизија „Фокс њуз“ рече дека демократите треба да престанат со играта околу вакцинaта и повеќе да не го застрашуваат народот поткопувајќи ја нивната доверба за безбедна и ефикасна вакцина.
Пенс рече дека претседателот Трамп се обидел да го забрза излегувањето на вакцината преку неколку иницијативи, но дека критериумот за безбедност не бил исполнет.
Joe Biden, Kamala Harris and Andrew Cuomo need to stop playing politics with peoples lives by undermining confidence in a safe and effective vaccine. We have the greatest research companies in the world developing a vaccine and we will not distribute a vaccine until it is SAFE. pic.twitter.com/0lWG9jvpa4
— Mike Pence (@Mike_Pence) October 26, 2020
Тој рече дека секоја вакцина што ќе биде објавена во јавноста ќе биде проверена и одобрена од повеќе агенции, вклучително и од Управата за храна и лекови.
„Значи, да кажам, Камала Харис трипати по ред рече дека ќе одбие да ја прими вакцината произведена под администрација на Трамп, тоа е несовесно“, рече американскиот потпретседател.
Здравствените власти во САД претходно соопштија дека одреден број од популацијата мора да биде подготвен да ја прими вакцината за таа да биде ефективна.
„Стат њуз“ објави дека само 58 отсто од Американците изјавиле дека се подготвени да се вакцинираат откако ќе биде достапна вакцината, бројот е намален на 69 отсто од средината на август досега, стои во анкетата.