(ВИДЕО) Пеколен ден во Украина, најголем руски напад со беспилотни летала врз украинската престолнина

Од:

Русија денеска изврши воздушни напади врз Киев и Одеса користејќи балистички ракети и беспилотни летала.

Неофицијално се проценува дека ова бил најголемиот напад со беспилотни летала врз украинската престолнина од почетокот на војната, а „Киев Индепендент“ објави дека експлозии се слушнале низ целиот главен град додека системите за воздушна одбрана се обидувале да погодат цели.

Локалните власти објавија дека четири лица се повредени во Киев.

Градоначалникот Виталиј Кличко изјави дека автомобили изгореле во населбата Шевченки, додека остатоците од беспилотно летало паднале врз дворот на училиште во населбата Оболонски.

Итни служби беа испратени на местото на нападот, а лекари беа повикани и во областите Подилски и Дарнитска.

Кличко рече дека нов бран руски беспилотни летала се упатува кон главниот град и ги повика жителите да останат во засолништата додека масовниот напад врз Киев продолжува.

– Станбена зграда е во пламен во областа Шевченки. Една жена е повредена и е на лекување, изјави Тимур Ткаченко, началник на градската воена администрација на Киев.

Би можело да ве интересира

Ушаков: Ормутскиот теснец е отворен за Русија

Степанов: Америка не сака фронтален конфликт со Москва

Ушаков: Трилатералните разговори за Украина се прекинати

Горан Наумовски

Украина ќе остане без пари за две недели

Зеленски призна: „Ситуацијата е напната“

Калас: Mоже да заборавиме на заем од 90 милијарди евра за Украина