ВИДЕО: Париз под целосна блоката, илјадници полицајци на улица

Од:

Француските земјоделци најавија дека денеска повеќе од 600 трактори ќе блокираат осум автопати кои го поврзуваат Париз со остатокот од Франција.

Министерот за внатрешни работи на Франција, Жералд Дарманен, вчера разговараше со своите најблиски соработници за одговорот на полицијата на заканите на незадоволните земјоделци.

Дарманен им наложи на поединечните служби да распоредат значителен одбранбен систем за да спречат каква било блокада на аеродромот и каков било влез на земјоделците во главниот град.

Од полицијата велат дека ќе се однесуваат умерено и дека ќе интервенираат само во случај на екстремна вонредна состојба, доколку е загрозен интегритетот на луѓето или се изложени на сериозни оштетувања јавни или приватни објекти.

Земјоделците во Франција протестираат против ниските откупни цени на земјоделските производи и бараат намалување на даноците.

Земјоделците ги блокираа патиштата во делови од Франција минатата недела поради владиниот данок за гориво за трактори, евтиниот увоз на земјоделски производи и ниските откупни цени.

Земјоделците протестираат и за договорот за слободна трговија меѓу ЕУ и извозниците на храна, особено за договорот со јужноамериканскиот блок Меркосур, кој се уште е во фаза на подготовка, а за кој тврдат дека ќе придонесе и за нелојална конкуренција на пазарот.

Владата во петокот ги укина плановите за постепено укинување на државните субвенции за дизелот за земјоделците и најави мерки за намалување на финансиските и административните такси со кои се соочуваат земјоделците.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано