(ВИДЕО) Париз: Голем пожар зафати осумкатна зграда, 180 пожарникари го гаснат пожарот

Од:

Денес во 12-от арондисман во Париз избувна голем пожар, кој зафати осумкатна зграда, а околу 180 пожарникари се обидуваат да ги стават пламените под контрола, објавија француските медиуми.

Според првичните информации, никој не е повреден во пожарот, објави Bfm TV.

Според градските власти, зградата е во изградба, а сите вработени на градилиштето беа брзо евакуирани. 60 противпожарни возила учествуваат во гаснењето на пожарот, соопшти противпожарната служба.

Според градската администрација, пожарот избувнал во зграда наречена „Месиже“ на улицата Шарол, според објава на платформата X.

„Пожарникарите се на местото на настанот и се обидуваат да го стават пожарот под контрола. Ве молиме да ја избегнувате оваа област“, соопштија градските власти. Членот на градскиот совет, Емануел Грегоар, им се заблагодари на пожарникарите и другите служби за итни случаи за нивниот брз одговор.

Грегоар, кој се кандидира за градоначалник на Париз, додаде дека пожарот избувнал во зграда во изградба. Зградата требаше да биде завршена во октомври, објави Танјуг.

Би можело да ве интересира

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче

(ВИДЕО) „Огнена река“ во Техеран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Голем пожар во близина на Брчко, тешко повредени се осум работници

Мртва жена е пронајдена во запалена куќа во Скопје