Папата Франсис денес благослови илјадници мотоцикли од видот „Харли Дејвисон“ и нивни сопственици, на собирот со кој се одбележа 110-от роденден на американскиот произведувач на мотоцикли.
Звуците на мотоциклите речиси ја пригушија молитвата на латински јазик, кои што го следеа папата додека ги поздравуваше верниците кои што се собраа поради миса.
На плоштадот Свети Петар, моторџии со кожни јакни седеа пред илјадиците католици, учесници на дводневното собирање против абортусот.
Франсис по мисата им се обрати на сите и ги благослови. Десетици илјади сопственици на Харли од целиот свет се упатија во Рим по повод годишнината.
Eлена Георгиевска