Мексиканскиот вулкан Попокатепетл проработе и повторно исфрла чад на висина од 3.000 метри.
Локалната власт ги предупреди жителите за зголемената активност на вулканот кој исфрлаше огнени топки од кратерот.
Никој не е повреден, но властите соопштија дека ќе ја следат ситуацијата, а како што се наведува околу 25 милиони луѓе живеат во радиус од 60 километри од вулканот.
Населението е предупредено да не се приближува на помалку од 12 километри оддалеченост од вулканот поради евентуална ерупција, а властите изработија и специјален план за евакуација во случај на вонредна ситуација.
Попокатепетл е втор по големина врв во Мексико, а Мексиканците го нарекуваат „Ел Попо“ што значи „планина која чади“.