ВИДЕО: Паника во Конго, еруптираше еден од најактивните вулкани во Африка

Од:

Вулканот Нирагонго на истокот од Демократска Република Конго, еден од најактивните во светот, еруптираше денеска, а жителите од градот Гома кој е во близина бегаат во паника.

Луѓето, со душеци во рацете бегаа кон границата со соседна Руанда.

Вулканологот Дарио Тедеско за Ројтерс изјави дека Гома, град со околу два милиони жители, се чини дека не е во опасност, бидејќи лавата тече кон исток, во правец на границата со Руанда.

„Може да се видат фонтаните со лава“, изјави Тедеско за Ројтерс. Претходно рече дека смета дека лавата ќе дојде во Гома многу брзо, но подоцна тврдеше дека тоа сепак нема да се случи.

Нирагонго последен пат еруптираше во 2002 година кога загинаа 250 лица, а 120.000 останаа без покрив над главата откако лавата се излеа во Гома.

Вулканолозите стравуваат дека вулканската активност евидентирана во последните пет години наликува на она што е забележана во периодот пред страотните ерупции од 1977 и 2002 година.

Би можело да ве интересира

Лавата по ерупцијата на вулкан на Исланд стигна до источната одбрана на Гриндавик

Горан Наумовски

ВИДЕО: Нова вулканска ерупција на Исланд

Катерина Ѓуровски

Еруптираше вулкан во Јапонија: Граѓаните добија итно предупредување

Горан Наумовски

ВИДЕО: Еруптираше Етна, пепел и лава на Сицилија

Вулканската ерупција може да го уништи градот Гриндавик во близина на Рејкјавик

Сицилија: Затворен аеродромот во Катанија поради ерупција на Етна

Горан Наумовски